За нас
1951 година
Каров Киро го изучува часовничарскиот занает кај познатиот скопски часоничар Кузманов Панчо. Три години бил чирак а наредните четири калфа.
1958 година
Отвара свој дуќан во Кавадарци под името "Хронометар" и останува во свој дуќан се до своето пензионирање.
1986 година
Неговиот син Владко Каровски го продолжува часовничарскиот занает и работи во неговата фирма "Хронометар".
2004 година
Се отвара фирмата "Цајс" и во неа покрај оптиката се продолжува и долгогодишната традиција на часовничарството.
2014 година
Се отвара специјализирана продавница за часовници "Цајс Watches", во која традицијата ја продолжуваат неговите внуци, Јаровски Никола и Каровски Митко.
2019 година
Никола и Митко Каровски ја отвараат првата онлај продавница за продавање на часовници и накит.
2021 година
Никола и Митко Каровски го отвараат првиот изложбен салон за продажба на очила и рамки на големо CAJS-PRO